Коки: „Откако започна европското првенство, постои можност луѓето наполно да престанат да се интересираат за жените, освен …ако овие не започнат масовно да играат фудбал.“

Објавено: 17 јуни, 2024, во 09:45 часот

-Занимавањето со политика за многумина денес претставува мошне корисен бизнис: почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува.

-Во работата треба да се биде внимателен на почетокот, а во љубовта…на крајот.

-Самобендисани Дами, ако по улиците нема огледала, не гледајте попусто во матната вода од вировите, таа не одвраќа слики.

-Ако честопати ви се случува да „излегувате“ од кожа, потрудете се барем, гаќите да ви останат на себе.

-Воопшто не е важно дали швалерот се облекува елегантно, туку…дали во одредени, неочекувани и непријатни ситуации, умее да се облече…бргу.

-Панталоните на луѓето можат недвосмислено да се поистоветат со Бингото: никогаш со сигурност не можете да очекувате, кој број ќе го извлечете.

-Откако започна европското првенство, постои можност луѓето наполно да престанат да се интересираат за жените, освен …ако овие не започнат масовно да играат фудбал.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.