Коки: „Правдата секогаш победува, особено кога таа се наоѓа во рацете на посилниот“

Објавено на 19 мај, 2025 во 09:56

Никола Бошков – Коки со нова серија од седум афоризми, кои во негов стил прецизно и духовито ги тангира сите аспекти на нашето секојдневие. Во продолжение Ви ги пренесуваме новите афоризми, прочитајте ги и изберете кој ви е најдобар за оваа недела:

-Правдата секогаш победува, особено кога таа се наоѓа во рацете на посилниот.

-Додека има живот, ќе има и авантури, ќе има подеми и неочекувани падови, но секогаш ќе настојуваме да останеме цврсто на нозе и…постојано да туркаме, буткаме…

-За да може предизборно да се подигне моралот кај електоратот, за некои изборни победи треба да се подигнат и…КРЕДИТИ.

-Кога сите би се женеле со паметни девојки, тогаш што ќе прават убавите.

-Импотентните професори се најголемата гаранција дека оценувањето на убавите студентки ќе биде објективно.

-Она што не се гледа во бракот, се слуша при разводот.

-Мојата атрактивна комшивка ги отфрли неколкуте умилкувачи зашто љубовта ја сфатија како СПОРТ, сите посакуваа да бидат…ПРВИ.

Афористичар Никола – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.