Коки: „Секој од нас има некое хоби: луѓето денес најчесто собираат НАЧИНИ…како да преживеат“

Објавено на 7 април, 2025 во 10:37

Седум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошковски Коки за читателите на Дума.мк.

-Секој од нас има некое хоби: луѓето денес најчесто собираат НАЧИНИ…како да преживеат.

-Мојата соседка и на денот за шегување, не покажа воопшто чувство за шега, и понатаму продолжува секој маж да го сваќа сериозно.

-Многу жени ја изгубиле својата мерка, освен онаа што им ја покажува вагата.

-Политиката навистина може да создава чуда, од проблематични, компромитирани, корумпирани и ментално ограничени политичари може да направи: директори, професори, доктори на науки…

-Комшијата не ми личи на швалер, ама…децата ми личат на комшијата.

-Мојата колешка и оваа пролет не увери дека е извонреден експерт по хортикултура: своето ново момче успеа мошне вешто да го …НАСАДИ.

-Во некои бракови е како на атлетската патека, се потешко е да се утврди, кој бил…ПРВ.

Вашиот, Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.