Коки: „Секоја голема љубов со текот на времето неминовно одминува во заборав, единствено последиците од некоја од нив, остануваат трајно“

Објавено на 26 мај, 2025 во 09:51

Седум нови афоризми од велешкиот афористичар Коки, прочитајте ги и подгответе се за доза остроумна сатира и духовит коментар на нашето секојдневие.

-Оваа учебна година бев ослободен од матурскиот испит: го повторував класот.

-Колку повеќе ги следам собраниските седници, се поуверен сум дека мајмунџилаците не се привилегија само на мајмуните.

-Зарем ние сме толку ефтин народ штом секој европски емисар, доаѓајќи кај нас, успева да не купи…со комплименти.

-Мојот индекс зависи од професорот, а неговиот брак…од мене.

-Секоја голема љубов со текот на времето неминовно одминува во заборав, единствено последиците од некоја од нив, остануваат трајно.

-Волшебниот триаголник не е сигурен знак дека мажот секогаш е во предност.

-Многуте мажи во љубовта се поистоветуваат со фудбалските екипи: многу им е подрагоцен бодот отстрана, одошто трите…на домашен терен.

Афористичар Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.