Коки со шест нови афоризми, насмевката е загарантирана

Објавено на 29 август, 2023 во 10:24

Иако понеделникот беше празничен ден за одмор, велешкиот афористичар Коки, ги напиша своите нови шест афоризми и ги испрати за читателите на Дума.мк. Насмевката е загарантирана, уживајте!

-Што се не си правиме едни на други, вистинско чудо е што се уште не сме колку Кинезите.

-Кога директорот-политичар ќе ја притисне секретарката, дали тоа се нарекува политички притисок?

-Откако започнавме да практикуваме разно-разни глупости, наталитетот ни појде во надолна линија.

-Некогаш беше: види ја мајката, па земи ја ќерката, а денес…земи ја ќерката, но потруди се да не ја гледаш мајка и.

-Заради една кожна ташна, некои жени се во состојба на своите мажи да им ја одерат кожата.

-За да научи да игра шах, на еден ментално ограничен политичар му посочивме како се повлекуваат шаховските фигури, ни преостана уште да го научиме: КАКО ДА МИСЛИ.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.