Коки: „Стравувам дека на повидок е времето кога, единствено на археолозите ќе им преостане грижата да ја „обработуваат“ земјата“

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки овој понеделник со нова серија од седум афоризми. Со својот препознатлив хумор и острина, тој повторно нè потсетува дека малку зборови се доволни за голема порака.
-Во битката на главата со ѕидот, ѕидот секогаш е во предност.
-Многу контраверзни политичари кои воопшто немаат чувство и почит кон сопствениот народ, на секои нови локални и парламентарни избори одново, бесрамно бараат…НОВ МАНДАТ.
-За жал, единственото нешто што некои жени го добиваат од мажот, е…презимето.
-Кога бев млад, од животот имав големи очекувања, имав нескриени амбиции, имав мноштво посакувани желби, имав…сега имам, жена.
-Во бракот најпрвин се слушаат нежни зборови, потем-само зборови, додека на крајот претежно преовладуваат…прости реченици.
-Стравувам дека на повидок е времето кога, единствено на археолозите ќе им преостане грижата да ја „обработуваат“ земјата.
-Нашата нова, атрактивна ракометарка, наликува на авион: постојано ги менува…пилотите.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк
