Коки: „Животот понекогаш наликува на огромен казан полн компот: секој се обидува во него да дофати некоја…ЦРНА СЛИВА“

Објавено на 16 септември, 2024 во 09:28

-Љубов е она, што многумина луѓе ја очекуваат од туѓа жена.

-Родители, ако улицата ви ги воспитува децата, тогаш треба при раце секогаш да ви биде…ПЛАНОТ НА ГРАДОТ.

-“ГОСПОДАТА”, кои денес безмилосно и бесрамно ограбуваат и се богатат, несомнено се оние истите, искомплексирани момчиња, кои во детството-како голтари, немале ниту денар за џепарлак.

-Ако власта не започнеше секојдневно да вработува свои партиски послушници, разно-разни роднини и пријатели, немаше никогаш да дознаеме што е тоа НЕПОТИЗАМ.

-Во минатото успеавме да се справиме со лудилото кај кравите, но како денес да излеземе на крај со лудилово кај воловиве.

-Животот понекогаш наликува на огромен казан полн компот: секој се обидува во него да дофати некоја…ЦРНА СЛИВА.

-Фудбалските правила не го дозволуваат контактот двајца против еден, но во љубовта може и…ГРУПНО.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.