„Мисли што боцкаат“ – нова книга на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки

Од печат излезе новата книга афоризми насловена како „Мисли што боцкаат“ од Никола Бошков Коки. Велешкиот афористичар објасни дека оваа книга е направена за неговите читатели и од печат излезе во пресрет на Велигденските празници. Во продолжение прочитајте ги новите шест афоризми.
-Наместо со прехранбени продукти, сега в пресрет на Велигденските празници, владата ќе ни ја пополнува потрошувачката кошничка со пресметки…за тројца.
-Занимавањето со политика за многумина денес претставува мошне корисен бизнис, почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува.
-Ми вети невиност, сега чекам на ред. Во трката за партиски лидер, прв на целта секогаш пристигнува…единствениот натпреварувач.
-На планетата-земја, не и тежи толку пренаселеноста, колку што и тежи огромната бројка на ТЕШКИ луѓе.
-Анатомија е она што ја имаме сите, само што таа, за разлика од мажите, кај жените е мошне провокативно нагласена.
-Можеби месото во месарниците и не е толку скапо, кога ќе се земе предвид колку само скапо чинат, женските бутови и гради.
Афористичар Никола Бошков – Коки
