Понеделнички афористички поздрав од Коки

Објавено на 4 септември, 2023 во 09:37

Понеделник е резервиран за афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Тој повторно издвои шест афоризми за читателите на Дума.мк со цел да предизвика насмевки и среќа во новата работна седмица. Уживајте:

-Среќната жена има потковица, а паметната…коњ.

-Тешко е да се бара, а уште потешко да се очекува корекност во политиката.

-Иако беше правничка, таа не можеше да си ја докаже својата невиност.

-Мојот пријател немаше аквариум, но неговата сопруга честопати во креветот ќе го затечеше со некоја РИБА.

-Можеби сопругата на мојот сосед не е добар јавач, но умее мошне цврсто да ги држи уздите.

-За разлика од стандардните првотимци, резервните играчи поретко се одлучуваат да стапат в брак, можеби затоа што седејќи на клупата, имаат повеќе време за размислување.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.