Понеделнички поздрав со шест нови афоризми од велешкиот афористичар „Коки“
Веќе познато е дека секој понеделник го започнуваме со насмевка благодарение на афоризмите коишто ги пишува велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“. Нема да прескокнеме ниту денеска, уживајте во новите шест афоризми и во коментар пишете го вашиот омилен денешен афоризам.
-Беше тоа навистина голема љубов, но за жал, заврши со брак.
-Со депресивци, нихилисти и плачковци, не можете да очекувате дека ќе успеете да извојувате победа во ниту една политичка битка.
-Единствено во креветот жените ја ценат машката тврдоглавост.
-Кога нудистка изведува стриптиз, најпрвин ја симнува шминката, потем лакот од ноктите и на крајот…спиралата.
-Уверен сум дека Адам наполно релаксирано, во прекрасни мигови на задоволство, ги минувал деновите во рајот: тој немал соседи.
-За разлика од голгетерите, сексуалните манијаци ја искористуваат секоја поволна прилика.
Афористичар
Никола Бошков – Коки