Премиера на претставата „Покондирена тиква“ во Кавадарци
Објавено на 25 октомври, 2022 во 17:14
Театарот при Дом на култура Кавадарци премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова. Премиерата ќе се одржи во петок, на 28 октомври 2022, со почеток во 19:30 часот.
Во претставата играат: Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски и Валерија Пашова.
Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Претставата е дел од манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани за сабота, 29 октомври и вторник, 1 ноември 2022 со почеток во 19:30 часот.
Ангел Данов