Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“ ?

Објавено на 30 мај, 2022 во 11:19

Понеделник е резервиран за афоризми напишани од перото на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Тој преку овие афоризми ќе предизвика насмевка на вашето лице. Уживајте?

-Убавината на душата ја откриваме низ разговор, а убавината на телото…низ договор.?

-Таа најпрво ги отфрли предрасудите, потем ја соблече облекатаи се поддаде од инает: занаетот дојде потоа.?

-За да не се нарушува континуитетот на работата на некои собраниски седници, би било мошне интересно кога на паузите би се изведувале: ЦИРКУСКИ ТОЧКИ.?

-Кај нас бројката на атеисти е многу помала од бројката на оние што се НАДВОР ОД СИТЕ ВЕРИ.?

-Таа ја следеше модата, а јас ја следев неа…по бутиците и стоковните куќи.?

-Убавите спортистки се убедени дека во текот на играта навивачите ги соблекуваат со погледите.?

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.