Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“ 😃
Објавено на 27 јуни, 2022 во 09:43

Шест афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ за убав почеток на работната седмица. Уживајте: 😃
-Нашата историја е нашата учителка на животот, но од сосесдството, недоветни белосведски манијаци постојано се обидуваат да ни ја силуваат учителката! 😉
-Можеби мојата нова комшивка е секс -бомба, но…одамна експлодирана. 😃
-Во трката за партиски лидер прв на целта секогаш пристигнува…единствениот натпреварувач. 😁
-Особеностите со кои некогаш жените ги фасцинираа мажите, денес се индустриски производи. 😉
-Во љубовта мажот го прави првиот чекор, а жената…расчекор. 😃
-Како во животот така и во шахот, најјак потег е кога ќе успеете да ја освоите противничката Дама. 😁
Афористичар
Никола Бошков – Коки
