Шест нови афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки

Објавено на 29 август, 2022 во 10:46

Велешкиот афористичар Коки и овој понеделник издвои дел од своите афоризми за читателите на Дума.мк. Работната недела започнете ја со насмевка и уживајте!

-Денес е стресно да имате светла идеја, електродистрибуцијата би можела тоа да ви го наплати како сијалично место.

-Бебиситерката ни ги чува децата, а сопругата ја чува бебиситерката…од мене.

-Со години наназад бевме пијани од разно-разните политички коктели, сега доаѓа времето кога треба да се отрезниме.

-Не му вреди многу на мојот пријател што неговата сопруга е неговата поубава половина, кога онаа другата половина ја искористуваат други.

-Ако во дамнешните романтични времиња постоеле гаражи, Ромео и Јулија никогаш не би -воделе љубов под балкон.

-Својот несомнен квалитет, нашиот голгетер можеше да го презентира единствено…на нудистичка плажа.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License