Шест нови афоризми од Коки, насмевката е загарантирана

Објавено на 21 август, 2023 во 11:12

Велешкиот афористичар Коки и овој понеделник издвои шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги и започнете ја новата работна седмица со насмевка и добро расположение!

-Дојде време кога треба исклучиво да живееме од љубов, зошто денари има се помалку.

-Во голема добивка сте ако од дрвото од кое сте слегнале на земјата ви изработат удобна фотеља.

-Многумина мангупи обожуваат темпераментни девојки, затоа понекогаш се обидуваат да водат љубов…во коприви.

-На некои луѓе бракот им причинува голема потешкотија, а на други, пак…жената.

-Сообраќајната незгода е единствената прилика , некои политичари да излезат надвор од службените, луксузни автомобили.

-Наместо пред противничкиот гол, гол-играч честопати може да се најде и во туѓ кревет.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.