Светска премиера на документарниот филм „Трафика“,на продуцентот Александар Арсовски,на „ДокуФест“ во Призрен
Во рамки на фестивалот за документарни филмови „Докуфест“ во Призрен, Косово, на 11 август 2021 година, во 22 часот, ќе се одржи светска премиера на краткометражниот експериментален документарен филм „Трафика“ во склоп на интернационалната програма за кратки филмови.
Режисер на филмот е Дора Слакопер од Хрватска, дирекор на фотографија е Иван Иџоjтиќ од Хрватска, а продуцент на филмот е Александар Арсовски од Македонија. Филмот „Трафика“ е снимен во текот на 2020 година во Загреб на неколку локации, и е во продукција на Академијата за драмски уметности од Загреб.
„Трафика“ е краткометажен хибриден документарен филм кој низ експериментална форма ја отсликува репетитивната и клаустрофобична работна атмосфера на продавачите/чките во трафиките на балканот. Трафиките се незаобиколив дел од секој град, а работата на продавачите најчесто е напорна, стресна додека тие се на некој начин невидливи за јавноста и ретко кој се запрашал која е личноста што стои позади пултот на трафиката.
-Читајќи анонимни интервјуа во истражувањето за работните услови на продавачките, сватив колку нивната работа е невидлива за нас, секојдневните минувачи, па така, одлучив да го претставам тоа во филм, да пробам да влезам во нивниот работен простор и да ја покажам личноста позади стаклото“ – вели Дора Слакопер, -Нашата протагонистка Штефанија, нависина е продавачка во едена трафика во Загреб, а хибридниот пристап на оваа документарна тема ми овозможни низ различни експресивни форми да го покажам чуството како е да се работи едена репетитивна работа во само неколку квадрати метри, додава Дора.
Ова е прв авторски проект на режисерката Дора Слакопер, додека ова е прв документарен филм продуциран од Алексадар Арсовски во Хрватска. Проектот е настанат под менторство на режисерот Игор Безиновиќ .
Филмот е аплициран на неколку други познати светски фестивали од каде се очекува одговор, а се надеваме дека и македонската публика ќе има можност да го погледне на некој од домашните фестивали.
-Сакавме да покажеме како изгледа една клаустрофобична работна атмосфера на продавачките во трафиките. Секојдневно се среќаваме со нив, меѓутоа ретко кога сме се запрашале како изгледа еден нивен работен ден, кои се проблемите со кои се соочуваат, наведувајќи го најбаналниот: „Каде вработените одат на ВЦ и што прават во слободното време, ако воопшто го имаат, рече Александар Арсовски. Тој додаде: На почетокот се соочивме со голем број на одбивања од страна на сопствениците на трафиките, не сакаа да излезат во пресрет и да дозволат нивните вработени да бидат снимани или воопшто да се прикажат нивните трафики, поготово кога стануваше збор за поголемите корпорации, меѓутоа сепак имавме среќа, после долго трагање и лутање низ градот но и кратки „инкогнито“ разговори со вработените, дојдовме до вистинската личност, додава Арсовски.
Филмот е инсписиран од истражувањето за условите на работа на продавачките во мали дуќани од страна на „Мрежата на антифашистки Загреб“ (Благајничката сака да оди на ВЦ).
Убавка Јаневска