Нови 20 „Издумани Крлевизми“ кои почнуваат со зборот „Ако“!

Објавено на 3 август, 2024 во 15:40

Афористичарот Атанас Крлевски напиша 20 „Издумани Крлевизми“ наменети за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, поучни се:

  1. Ако врапчето е на гранка, значи дека гулабот е в рака.
  2. Ако друг ти ја крои капата, ќе немаш пари за шиење.
  3. Ако ѓаволот доаѓа по своето, не значи дека е поштен.
  4. Ако животот е школа, учете со разбирање!
  5. Ако иднината е во вашите раце, нека не ви се зафатени за сегашноста!
  6. Ако ја мразиш здодевноста, сигурно ja сакаш работата!
  7. Ако можат едни никави да се глупираат, можам и јас!
  8. Ако не кажеше што мисли, ќе мислевме дека мисли.
  9. Ако не разбираш јазик постои транслатор. Ако не го разбираш човека, нема помагало.
  10. Ако се наметнувате во секоја ситуација, ќе ве остават без ситуации.
  11. Ако секој ден ви е Велигден, ви се измешале лончињата.
  12. Ако си залутал, опасно е да стигнеш далеку.
  13. Ако си обичен човек, заслугата е само твоја.
  14. Ако си повлечен во себе, сите ќе те видат.
  15. Ако си приказна за себе, сите ќе те прочитаат.
  16. Ако смеата е лек, треба да се зема цел ден. Може и ноќе!
  17. Ако совеста дење спие, ноќе има кошмарни сонови.
  18. Ако тапкате во место, ќе ве прегази времето.
  19. Ако те сметаат за паметен, знаеш кога да се правиш будала.
  20. Ако ти ветиле – помниш! Ако си ветил – забораваш!

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.