Со концерт на Тони Андреев ќе заврши годинешното Велешко лето

Објавено на 27 август, 2024 во 12:54

Првото издание на Велешко лето свечено ќе биде затворено оваа сабота, на 31 август, со концерт на велешанецот Тони Андреев. Во Амфитеатар на Младински парк со почеток во 21:00 часот младиот велешанец ќе приреди забава за сечиј вкус. Пред концертот ќе бидат доделени и наградите од поетскиот и ликовен конкурс.

Денеска, на агендата за Велешко лето е едукативно креативна работилница на МДПС „Премиера“ којашто е насловена „Испревртена приказна“ и ќе се одржи во Медијатеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во 18:00 часот.

Инаку, Општина Велес оваа година за прв пат ја организираше манифестацијата „Велешко лето“ која започна на 4 јули со многубројни културни настани одржани на различни локации.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.