teatar fin

На сцената на театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, во сезонавта септември 2018 - јуни 2019 година се подготвени и одиграни од страна на театри кои гостувале вкупно 17 премиерни претстави. Со прикажаните репризи, во истиот временски период, актерите одиграле вкупно 129 претстави пред љубителите на театарската уметност во градот. Бројката од 22 илјади и 396 граѓани кои проследиле најмалку една театарска претстава на ансамблот на велешки театар или на театрите гости ја става културната институција на второ место на ранг листата по посетеност во државата.

VESNa naslovna

Вечер посветена на јунак дамна роден, во средината на 19 век, не обичен јунак за кој раскажуваат генерации на читатели низ времето туку за единствениот Мартин Крпан, националниот словенечки јунак кој е императив за сила, остроумност, снаодливост, итрина, многу повеќе од се и најзнајно е поседувањето чудесна моќ што тој умее да ги спои навидум неспоивото со дипломатија и воинство. Се одржа во Велес каде беше промовирана книгата „Мартин Крпан - Дипломат и воин“,на авторот проф. д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.

Aleksandar Ivanovski2

Во зградата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се одржуваат проби на две претстави во подготовка но поради непотпишаната Одлука за избраниот најповолен добавувач на нафта за затоплување на зградата, во изминатите 10 дена, беше запрен редовниот репертоар. Ова го тврдеа денеска дел од актерите како објаснување за предвреме потрошената количина на нафта, споредено со претходните години.

Maalskiprikazni naslovna

Маалото „Карпош 3“ во Скопје, во кое израснал новинарот и публицист Синиша Станковиќ во неговата најнова книга „Маалски прикаски 1+2“ не е само географија. Авторот во ова и уште десеттината други скопски маала, додека раснел и живеел, ги открил и забележал најголемиот дел од личности кои оставиле свои обележја и го заслужиле местото на маалски херои. Дел од неговите вкупно 65 прикаски се посветени и на соседите, на другарите, на настаните за кои авторот Станковиќ вели дека се „белешки на случајниот минувач“, подготвени како мезе за муабет, во семејното бифе „Носталгија“ во Скопје.

Skulptura Gemigjii fin

Скулптурата посветена на Гемиџиите, наши сограѓани кои во минатото со гемии пловеле по Вардар, е поставена на централниот влез во Младински парк од страна на главната градска улица „Благој Ѓорев“. Таа е дело на акдемскиот скулптор Горан Стаменков од Скопје кој ги овековечи велешките Гемиџии користејќи старо железо за да го обликува неговото уметничко дело.

Ickova fin

„Непокор“ е насловот на литературната творба што годинава ја освои Гран при наградата на 52 Детски Рацинови средби според одлуката на годинешната жири комисија во состав: Лили Арсова, Игор Крајчев, Нада Алексоска, поети од Клубот на писатели „Кочо Рацин“. Неа ја напиша ученичка Софија Ичкова во втора година во СОУ„Богданци“од Богданци. Наградата на Ичкова во присуство на менторката Ивана Димовска и беше врачена на свеченото отворање на литературната манифестација што на 5 и 6 октомври се одржува во Велес.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново