JADRO fin

Како последна планирана активност од проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“ во Ликовниот во Велес во средата на 12 декември се реализираше Јавна расправа во Велес.

AngelsoRacin naslovna

Во просториите на хрватското друштво „ЛОРА” од Сплит, Хрватска, денеска 11 декември,  ќе биде отворена 48 Самостојна ликовна изложба на академскиот сликар Ангел Петров. Поставката ги содржи 20 портрети на Кочо Солев Рацин изработени во техника масло и пастел. Изложбата се совпаѓа со годината во која се одбележуваат два значајни јубилеи поточно 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Рацин.

knigata1 fin

Од осум илјади зборови, турцизми, што вредно почнал да ги запишува како гимназијалец додека ги употребувале во велешкиот говор и дијалект најблиските во семејството на Прим д-р Борислав Гајдов потоа неговите другари , пријатели и роднини за потоа да продолжи со евидентирање и на пошироката територија на штотуку формирана Република Македонија по Народно ослободителната војна се состои книгата „Турцизми во македонскиот јазик“.

Premiera Teatar fin

На жестоката политичка сатира на чиновништвото како и бирократските процедури зад кои се кријат мали луѓе кои малтретираат мноштво граѓани се гради дејството во претставата „Сомнително лице“ кое режисерот Венцислав Ристов го осовременува со адаптација и на сегашноста.

BIBLIOTEKAzgrada fin

Со цел граѓаните да дадат придонес кон оживувањето на библиотеката во својот град и да искусат еден нов начин на работа кој промовира соработка, комуникација, креативност, експериментирање и ја истакнува важноста на подлабоко разбирање на основите на бизнисот, дизајнерските методи и технологијата велешката библиотека „Гоце Делчев“ е само една од седумте библиотеки во државата кои учествуваат во проектот „ БиблиоБум “ што ќе започне на 15 декември годинава и ќе трае до 31 мај 2019 година .

pisateli so Kocevski fin

Одбележувајки го 25 ноември, денот кога пред 79 години во Самобор во Хрватска, излезе од печат стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин, Локалната библиотека „ Гоце Делчев“ и Здружението на слепи лица на Општина Велес ја промовираа аудио книгата „Бели мугри“.
Издавачите тоа го сторија самостојно, со волонтерска работа и практично без буџет. Тие од аудио книгата „Бели мугри“ имаат големи очекувања од аспект на полесен пристап на поезијата до слепите лица. Исто така дигиталното издание на ова значајно книжевно дело ќе биде трајно зачувувано во книжевните архиви.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново