Нов курикулум за образование на профилот медицинска сестра е резултат на учеството на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Еразмус проект (видео и фото)

Објавено: 23 октомври, 2026, во 10:32 часот

Велешкото средно стручно училиште „Димитрија Чуповски“ во изминатите две години учествуваше во двогодишна Еразмус програма преку реализација на проект: „Зајакнување на едукацијата и наставните планови за профилот медицинска сестра и усогласување со курикулумите во земјите членки на Европска Унија“. Партнери на македонско му беа  училишта од Белгија и од Унгарија а целта беше да се разменат искуства не само преку наставните програми поточно курикулуми од страна на професорите туку и преку стекнатото знаење на профилот медицинска сестра, изведување на ученичката пракса во трите држави.

Тоа што е особено значајно  и ќе следи е доставувањето на новиот курикулум до Центарот за верификација на образовни програми во Македонија вели професор Љубика Ртоска на ССОУ „Димитрија Чуповски“ како и договорот на партнерите да ја продолжат соработката.

 Во ССОУ „Димитрија Чуповски“ беше промовиран нов курикулум во присуство на проектните партнери од Белгија и од Унгарија. Курикулумот го подготви Хендвиг Ланкастер, главна медицинска сестра во Градска болница во градот Мезотурс во Унгарија. Ланкастер ги откри разликите и предностите во образовните системи за профилот медицински сестри во Македонија, во Белгија и во Унгарија.

На завршниот настан беа доделени Сертификати на сите учесници во овој проект, професори и ученици како и Благодарници на ЈЗУ Општа болница Велес и ЈЗУ Здравствен дом Велес кои беа поддржувачи на проектните активности.

Убавка Јаневска


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.