Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Foto Sonja Rilkoska

8.07.2020

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид 24 , на 5 јули , под наслов „ (ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?“.

Уште од самиот наслов, кој иако е поставен во прашална форма, се обвинува министерот за здравство дека ги злоупотребил специјализантите од охридските здравствени установи, кои учествуваа на трибина на тема здравство. Воедно во насловот се наведува ФОТО за да се омаловажат младите лекари кои се на фотографиите дека биле искористени како пиар на власта.

Во првиот пасус непознатиот автор пишува:

Денешниот настан кој се одржа на летната сцена Долни Сарај во Охрид, а на кој присуствуваше министерот за здравство Венко Филипче ги потврди сомнежите на докторите и специјализантите од охридската општа болница, кои како што објавивме вчера преку порака во група на Вибер беа повикувани да присуствуваат на средбата, дека станува збор за настан од партиски карактер.

Текстот е „поткрепен“ со скриншот од некоја порака на која е избришан авторот и во која нема ништо политичко. Освен покана до младите доктори на средба со министерот Филипче на тема специјализации.

Во објавата новинарот непрофесионално коментира, но и ја обвинува власта дека политички ги злоупотребила младите специјализанти. Текстот наликува на навивачко новинарство.

Од друга страна министерот Филипче информира дека имал средба со младите доктори за да ги слушне нивните предлози:

Во Охрид имавме одлична дискусија со младите здравствени работници. Ги слушнав нивните предлози и пораки – заеднички го унапредуваме здравствениот систем. Тие се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив. Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани, напиша на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, стои во член 13 на Кодексот на новинарите.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

 

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново