25 Семакедонски собир, донесена Декларација за правата на македонското малцинство што живее надвор од матичната држава (видео и фото)

Објавено на 4 февруари, 2025 во 16:44

По повод 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев, денеска, во Велес, се одржа Семакедонски Собир со тематска конференција. Почеток на Семакедонскиот собир го означи интонирањето на македонската химна.

Присутните исто така присуствуваа и на тематската конференција „Влијанието на Преспанскиот договор со Р. Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Р. Бугарија врз нацоналните права на Македонците на Балканот и пошироко“ која заврши со усвојување на Декларација со 10 барања кои воглавно се однесуваат на правата на Македонците и малцинствата во Македонија како и во земјите во кои живее Македонски народ. Барањата ќе бидат испратени на македонската Влада, Амбасади на државите во кои живее Македонски народ како и до Организацијата на Обединетите Нации.

На 25 Семакедонски собир во Велес, организиран од Граѓанска Иницијатива за национална, културна и европска интеграција на македонскиот народ од Прилеп и Основна организација Велес , присуствуваа и членови на македонски организации од повеќе градови во државата. Исто така и од Хрватска, Србија, Албанија и Бугарија. Со нив имавме можност да разговараме и да ги прашаме за остварувањето на човековите права во земјите во кои живеат и работат.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.