Без вода денеска неколку улици во Велес
Објавено на 21 јануари, 2022 во 10:18
Поради неопходни работини активности на водоводна инсталација во Велес, неколку улици, утрово од 08:30 часот се без вода, соопштија од Комунално претпријатие „Дервен“. Прекин на водоснабдување ќе има на улица „8-ми септември“, „Димко Нјадов“, „Архиепископ Михаил“, „Коле Неделковски“, „Мирче Ацев„, „Кирил и Меториј„, „9-ти ноември“, „Димо Хаџи Димов“ и дел од улицата „Максим Горки“.
Од ЈКП „Дервен“ информираат дека работници од работна единица водовод се на терен и работат. Се очекува во текот на денот да завршат работите по што повторно ќе се воспостави водоснабдувањето и граѓаните ќе добијат вода во своите домови.
Стефани Манева