Бразилецот Матхеус Евангелиста ќе плива на велешкиот маратон
На денешната прес-конференција одржана во Општина Велес по повод 10-тиот јубилеен велешки пливачки маратон, беше присутен и бразилецот Матхеус Евангелиста кој ќе учествува на Европскиот куп кој ќе се одржи во недела. Евангелиста е пливач и тренер кој изминатиот период го поминал во Финска. Посебно е среќен што ќе биде дел Европскиот куп во Велес бидејќи Македонија има посебно место во неговото срце.
-Македонија е многу посебна земја за мене, таа има посебно место во моето срце бидејќи тука го освоив првиот медал на светскиот куп во маратонско пливање. Во Македонија имам и многу добри пријатели. Европскиот куп е доста силна манифестација, натпреварите се со доста силна конкуренција. За мене ова е одлична прилика да влезам во една серија на натпревари, да се подготвам што е можно подобро за моите следни предизвици како што е трката во Капри Наполи., додаде Евангелиста.
Според него, на оваа трка ќе учествуваат многу силни пливачи, олимписки учесници, победници на светски и европски купови и мисли дека ќе биде силна трка на која ќе добие добри резултати. Исто така, тој додаде дека бразилците вообичаено учествуваат на светските купови, но во моментов тој ја добил шансата да учествува на Европскиот куп и не сака да ја изгуби.
-Јас сум бразилец и вообичаено бразилците учествуваат во светскиот куп. Но, многу е потешко да учествувам на светскиот куп бидејќи дестинациите се подалечни. Добив шанса за овој Европски куп и ова е вистински предизвик за мене, додаде Евангелиста.
На Европскиот куп покрај бразилецот ќе има учесници и од Шпанија, Швајцарија, Германија, Франција, Данкса, Бугарија, Италија, Србија, Унгарија, Шведска, Косово и Македонија
Наградата за прво место на Европски куп изнесува 2.500 евра, за второ место 1.500 и за трето 1.000 евра, посебно и за мажи и за жени, што значи дека вкупниот фонд на парични награди изнесува 10.000 евра.
Стефани Манева