По последната сеча на дрва од страна на ШС „Бабуна“ затрупана е пешачката патека од село Нежилово до планинарски дом Чеплес на планината Јакупица. Според планинари кои деновиве не можеле да пешачат поради исечените и оставени дрвја и гранки гледката што ја фотографирале била само на почетокот на патеката. Тие бараат исечените дрвја и гранки што поскоро да ги извлечат шумарските работници.

Ни дождот ниту снегот, што викендов врнеше и паѓаше, во општина Чашка не ги поколеба над стотината планинари од Велес, Скопје, Богомила да го одржат традиционалниот марш по врвиците на „Февруарскиот поход“. Планинарите тргнаа од железничката станица во Велес, со воз во кој ги чекаа нивни колеги од Скопје и патуваа до станицата во Богомила каде им се приклучија планинари од Прилеп и Битола. Планинарите тргнаа пеш кон планинарскиот дом во село Мокрени за потоа да продолжат кон планинарскиот дом во село Ораов дол. Таму ноќеваа првата вечер за вториот ден да ја отпешачат вкупната делница која го имаше како дестинација селото Теово од каде се вратија со воз во Велес.

Граѓаните на Чашка од наредната година ќе можат да возат по реконструиран коловоз на регионалниот пат Велес-Чашка. Така планира ЈП за државни патишта кое според програмата за годинава приоритет ставило на магистралните патни правци, поточно на отстранување на тесните грла на патарините, што сега ги реконструира, на Коридорот 10 значи автопатот Куманово - Гевгелија. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, вгодина ќе се поправаат и регионалните патишта. Меѓу нив е и патот Велес -Чашка.

Кај стариот Римски мост во Богомила, покрај реката Бабуна, ја пречека Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски делегацијата со француски експерти која во Македонија престојуваше поради одржување на Конференцијата „Европски искуства за развој на туризмот - билатерална соработка Македонија - Алзас“. Таму и официјално започна нивниот престој во општината со сите информации за стариот мост и приказната за него, што потоа беше надополнета со сите информации за потенцијалите за развој на руралниот туризам на општината која како свои први адути ги има врвот Солунска глава на планината Јакупица. Потоа планината Даутица, реката Бабуна, селата Богомила, Теово и Оморани.

Oпштинската изборна комисија на Чашка врз основа на конечните резултати од спроведените Локални избори ги додели Уверенијата за Градоначалник и членови на Советот на Општина Чашка.

Сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил марка „Фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од триесет и три годишниот Т.М. и теренско возило марка „Мицубиши Л-200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од педесет и девет годишниот М.С. се случи денеска на регионалниот пат Велес – с.Извор.
Несреќата се случила околу 9 часот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново