Четири културни настани неделава во Кавадарци

Објавено на 6 декември, 2021 во 10:43

Богата културна програма за кавадарчани во текот на работната недела. Изложба на карикатури насловена како „И после се животот е убав“ во рамки на Фестивалот за хумор и сатира „ИН Виница Веритас“ ќе биде отворена денеска, во Галерија при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ со почеток во 12:30 часот. Оваа изложба е во организација на Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница.

Во текот на утрешниот ден, 7 декември, кавадарчани ќе имаат можност да уживаат гледајќи ја премиерната претстава „Не сега драга“ според текст на Реј Куни а во режија на Диме Боцев. Во претставата играат Диме Коцевски, Магдалена Атанасова, Видан Станоев, Надица Анѓелкова, Александар Малинков, Александар Видиков, Сијче Трајкова, Диме Боцев и Сашко Орешков. Премиерата ќе се одигра во Театарот при Дом на култура во Кавадарци со почеток во 20:00 часот.

Првата реприза на претставата „Не сега драга“ е веќе распродадена, таа ќе се одигра во петок, 10 декември од 19:00 часот, додека оние коишто се уште не купиле билет ќе имаат можност да ја гледаат втората реприза која ќе се одигра во сабота, 11 декември со почеток во 19:00 часот.

Од Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ информираат дека до крајот на годината следуваат и концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ заедно со децата од посебната паралелка при ОУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци, потоа репризи на претставата „Не сега драга“, премиера и репризи на детска новогодишна претстава, балетски концерти и Годишна изложба на Друштво на ликовни уметници Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.