Четириесет средношколци за прв пат дарувале крв на крводарителската акција во ССОУ „Коле Неделковски“
Четириесет и седум средношколци денеска, ја покажале својата хуманост и дарувале крв на традиционалната есенска крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“. Црвен Крст Велес се особено среќни што 40 од дарителите денеска за прв пат дарувале крв и официјално станале дел од најголемото хумано семејство.
– Еден ден претходно беше организирано едукативно предавање на тема: Мотивација кај средношколци“. Целта на истото беше да се информираат учениците за сите придобивки и добри страни кои ги има крводарителството, за целиот процес на дарување и за крвните групи, соопштија од велешки Црвен Крст.
Оваа крводарителска акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Додека како логистичка поддршка на истата учествуваа тројца волонтери од Клубот на млади.
Инаку ова е втора крводарителска акција во ова средно училиште. На двете акции вкупно биле собрани 105 крвни единици, број што зборува за сериозноста на средношколците и целта да спасат човечки живот.
Црвен Крст Велес се заблагодарија до надлежните во училиштето за одличните услови за реализација за крводарителските акции.
Стефани Манева