Црвен крст Велес во мисија за помош на згрижувачко семејство

На централна локација во Велес, денеска, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес поставија хуманитарен штанд на којшто нудеа благо, пуканки, сокови и бонбони со интересни форми.
Како што информираа волонтерите, акцијата беше организирана со цел да се соберат парични средства од страна на хуманите граѓани на Велес кои ќе бидат наменети за реновирање на дом или детска соба на згрижувачко семејство.

Според волонтерите, вакви хуманитарни штандови се поставуваат често, а најавија дека во наредниот период ќе биде организирана и забава на која се очекува да се собере поголем дел од потребните средства.
Тие изразија задоволство од досега собраниот износ и напоменаа дека велешани секогаш се меѓу првите кога станува збор за помош и хуманост.
Стефани Манева
