Полицијата од станицата во Михајлово лиши од слобода штипјани за криволовство

Објавено на 11 септември, 2020 во 15:26

oruzje fin

11.09.2020

Рано утринава, околу еден часот по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во село Дрен, демиркаписко, во рутинска контрола кај место викано „Брана“ откриле криволовци.

Двајца штипјани и еден демиркапиец , биле во возило марка „нисан“ со штипски регистарски броеви што полицијата го запрела. Автомобилот го управувал М.М.(44) од Штип со кого се возеле како сопатници Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија. Полицијата во возилото пронашла ловечка пушка и рибарска опрема за криволов.

Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.