Двајца бегалци во еден ден фатени во Кавадарци и вратени во затвор
Објавено на 12 февруари, 2025 во 16:20

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци вчера, прво во 18:20 часот го привеле М.Ф.(48) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во Казнено – поправна установа Затвор Гевгелија.
По три ипол часа приведен бил и Е.П.(38) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во Казнено – поправна установа Затвор Гевгелија.
Двете лица биле спроведени во установата за издржување на казната, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева
