Двајца не вакцинирани пациенти починаа од Ковид-19 во велешка болница
Во текот на ноќта во велешка болница починат е пациент на шеесет и две годишна возраст од Велес лекуван на Инфективно одделение три дена . Утрово починат е и седумдесет и осум годишен маж од село Горно Јаболчиште, лекуван еден ден на Инфективно одделение. Двајцата пациенти немале примено вакцина против Ковид-19.
Во ЈЗУ Општа болница Велес, хоспитализирани се 43 ковид пациенти.
-Од хоспитализираните 37 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се лекуваат 38 ковид пациенти и на Интерно одделение пет, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.
Од болничките пациенти 18 се на кислородна поддршка.
Испишан е и еден пациент како оздравен со еден негативен тест на коронавирусот.
Стефани Манева