Две каснувања од бездомни кучиња во Велес
Објавено на 5 јануари, 2022 во 10:31
Во временски период од четири часа, вчера, во Велес, биле пријавени две каснувања од бездомни кучиња.
Малолетник бил каснат од бездомно куче и околу 12:30 часот случајот бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес.
Четири часа подоцна, четириесет и седум годишниот велешанец Д.П, во Полициска станица Велес пријавил дека на улица „Јане Сандански“ исто така, бил каснат од бездомно куче.
Стефани Манева