Две лица, со лични податоци на кавадарчанец подигнувале брзи кредити и онлајн порачувале различни производи
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет годишниот П.С од струга и триесет и осум годишната А.С од Скопје поради основни сомнениа за сторени три кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски системи“.
– Првопријавениот П.С. во септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 26- годишник од Кавадарци и успеал да дојде до неговите лични податоци, кредитна картичка и трансакциска сметка. После тоа, податоците ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и за онлајн нарачки од различни продавници, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената А.С. од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип.