Една со тешки и втора малолетничка на мопед со полесни повреди се здобиле во сообраќајка на регионален пат кон Јасеново
Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат помеѓу селата Извор и Јасеново, во општина Чашка, вчера, во 13:30 часот. Таму се судриле мопед марка „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77) од Скопје.
-Примени се две малолетни лица повредени во сообраќајна несреќа, Б.Т (14) која е прегледана од специјалист по трауматологија. Направени се иследувања и поради резултати во кои што се констатирани тешки телесни повреди, препратена е на понатамошен третман на Детска хирургија на скопски Клинички центар. Втората малолетничка,М.Д,, исто така, прегледана од специјалист по Трауматологија и над неа се извршени потребни здравствени интервенции, дополнителни дијагностички прегледи по што е задржана на опсервација во текот на ноќта. Утрово пациентката во стабилизирана здравствена состојба е пуштена на домашно лекување, соопшти др Билјана Босилкова портпаролка на Општа болница Велес.
Исто така, на местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк