Една жена и тројца мажи е билансот на денешните повредени на работа и во сообраќајни незгоди во Велес како и на автопатот кон Градско

Објавено на 6 август, 2021 во 17:53

Жена, денеска, се повредила на работното место во велешка компанија. Таа се здобила со  фрактура на колк. Жената  задржа е на лекување на Оддел за ортопедија во Општа болница Велес. Неа и е потребен оперативен третман.

Според портпаролката на болницата, д-р Елеонора Јовановска, во сообраќајната незгода во велешката населба Долни Дуќани полесно повреден е маж на 64 годишна возраст. По прегледите сепак е задржан на болничко лекување на Одделот за хирушки болести поради  опсервација од страна на лекарите.

Во сообраќајната несреќа на автопатот Велес – Градско повредени се две лица. Двајцата се мажи. Првиот на 70 годишна возраст  се здобил со фрактура на подлактица и подколеница и вториот повреден се здобил со полесни телесни повреди. Повредените мажи се задржани на лекување во велешка болница. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.