Едукативна работилница за превенција од дрога, алкохол и насилство во економското училиште во Велес
Едукативна работилница посветена на превенција од дрога, алкохол и насилство помеѓу младите, денеска, беше реализирана во средното економско училиште „Јовче Тесличков“ во Велес. За време на работилницата полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, едукативно ги информираа учениците за законските, социјалните но и здравствените опасности коишто овие девијанти поведенија ги носат со себе.
-Едукативната работилница имаше за цел поконкретно запознавање на учениците со зависностите од дрога и од алкохол, за реперкусиите од истите, како и превентивните мерки за заштита што им стојат на располагање на младите, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оваа работилница била реализирана во соработка со полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дроги, психотропни супстанци и оружје при криминалистичката полиција во Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева