Екслузивно видео од уривањето на зградата на Работнички универзитет (ВИДЕО+ФОТО)
Објавено на 17 јуни, 2022 во 19:09

Дел од зградата на Работнички универзитет Благој Страчковски во Велес, попладнево, во 15:50 часот се урна. Избегната е голема трагедија бидејќи за време на уривањето зградата била празна.
Нема ниту жртви, ни повредени граѓани. Во моментов на терен е испадната екипа на Територијалната противпожарна екипа од Велес и се врши увид на настанот.

Причините за уривањето на дел од зградата на Работнички универзитет ќе се знаат по истрагата.
