Еве што може да гледате викендов во велешкото кино

Шест филмови од различен жарн меѓу кои и два детски може да ги гледате овој викенд во „Киноверзум“ Велес. Богатата неделна програма Ви нуди филмови коишто ќе го задржат вашето внимание но и ќе Ви приредат вистинско двочасовно уживање во кино. Овој викенд изберете еден од понудените филмови, купете пуканки и уживајте.
На репертоар денеска, на 15 септември, се филмовите „,Мојата голема дебела грчка свадба“ со почеток во 18:00 којшто е трет дел од истоимената комедија, потоа филмот инспириран од делата на Агата Кристи насловен „Убиство во Венеција“ во 20:00 часот и хорор филмот „Калуѓерка 2“ со почеток во 22:00 часот.
Во сабота, на 16 септември, првиот термин поточно 17:00 часот е резервиран за најмладите посетители на киното коишто ќе можат да уживаат во филмот „Елементи“. Потоа, на репертоар е филмот „Убиство во венеција“ со почеток во 19:00 часот, и два часа подоцна, поточно терминот резервиран во 21:00 е за филмот „Калуѓерка 2“.
Во недела, на 17 септември, со почеток во 18:00 часот ќе биде прикажан детскиот филмот „Миа и јас“, потоа во 20:00 часот љубовната романса „После се“ и во 22:00 часот „Калуѓерка 2“.
Неделната програма до 20 септември може да ја погледнете на официјалната страна на Киноверзум Велес.
Стефани Манева
