(фото) Педесет ученици беа дел од еко акција и го исчистија Градски парк во Велес
Деветоодделенците од ООУ „Васил Главинов“ денеска беа дел од големата самоиницијативна еко акција за чистење на Градскиот парк организирана од Младински центар Велес во соработка со Јуроп хаус Велес. Педесет ученици, околу два часа собираа отпад на повеќе локации во градскиот парк и со оваа активност ја заокружија школската година но и своето основно образование.
Младинскиот работник Ивана Јордева упати голема благодарност до сите учесници кои несебично се вложиле за градскиот парк да биде чист.
-Изминатата недела, токму во градски парк Велес, беа организирани најголемите спортски игри коишто по трет пат се одржаа во нашиот град. Во тој период голем број на наши сограѓани но и граѓани од други градови го посетуваат паркот и ги следат игрите. Нашата идеа беше да помогнеме по завршување на овој настан со една еко акција на којашто ќе ни се придружат младите сограѓани и искрено сме многу благодарни што педесет ученици утрово го исчистија градскиот парк и земаа учество на оваа еко акција, додаде Јордева.
Преку оваа еко акција идните средношколци докажаа дека сакаат чиста средина за подобра иднина на сите.
Стефани Манева