Годинава вкупно 473 првачиња и 531 средношколци во прва година во велешките училишта
Најголем број на првачиња, вкупно 132, годинава се запишани во ООУ„ Васил Главинов“ а 22 помалку или 110 во ООУ„Блаже Конески“. Трето училиште според бројот на запишани ученици во прво одделение е ООУ„Панко Брашнаров“ каде во прво одделение се запишани вкупно 80 ученици. Потоа на листата што ја испрати Општина Велес се наоѓа ООУ„Лирија“ во село Бузалково со 62 првачиња додека три помалку се запишани во ООУ„Свети Кирил и Методиј“ во Велес. Во населбата Горно Оризари има 19 првоодделенци запишани во ООУ„Рајко Жинзифов“ и 11 за прв пат седнаа во ученичките клупи на ))У„Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци.
Во првa година, во учебната 2021/2022 година, во ССОУ„Коле Неделковски“ се запишани 223 ученици, во ССОУ„Димитрија Чуповски“ вкупно 134, во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ 105 на настава на Македонски јазик и 13 на настава на Албански јазик или вкупно 118 ученици додека во ОСУ„Јовче Тесличков вкупниот број на ученици изнесува 56.
Убавка Јаневска