Трактор згмечи жител на селото Долно Чичево
Шеесет и три годишниот Симо Б. од Долно Чичево го загуби животот во несреќа што се случила денеска на локалниот пат од селото кон Градско. Неговото безживотно тело до превртениот трактор го пронашол негов соселанец околу 14 часот и 30 минути. Тој повикал полиција.
На местото на тракторската несреќа увид прават Јавен обвинител од Велес и увидна екипа на СВР Велес. Засега не се знае точно кога Симо загинал. Тоа ќе се утврдува најверојатно откако телото на загинатиот ќе биде испратено на обдукција како и од увидот кој во моментов се случува.
Денеска ова е втора несреќа со фатални последици по живот во овој дел од државата. Претходно, рано утрината околу 4 часот и 20 минути, од засега неутврдени причини загина Зоран П (42) од Кавадарци. Сообраќајната несреќа се случи кога Зоран со патничкото моторно возило марка „Фолсфаген поло“ кое од засега неутврдени причини преминалo на левата коловозна лента на патот и излеталo во шанец./A.Д