Фатени разбојниците на бензиската пумпа на регионалниот пат Градско – Прилеп
Објавено на 5 февруари, 2014 во 12:59
Кривичното дело разбојништво на бензиската пумпа на „Макпетрол“ лани, на 25 ноември го сториле дваесет и шест годишниот Д.П од Битола, две години помладиот З.Д и дваесет и три годишниот А.К, двајцата од Прилеп.
Тие маскирани влегле во објектот на пумпата и заканувајќи им се со нож како и со безбол палка од вработените го одзеле прометот и 11 кутии цигари. Тројцата разбојници направиле материјална штета од вкупно 50.100 денари.
Од бензиската пумпа избегале, како и што стигнале, со претходно украден автомобил. Се возеле до одредена локација и кога од возилото излегле истото го опожариле.
Денеска против нив полицијата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво./Б.Н