Прекин на сообраќајот кај Градско
Објавено на 21 октомври, 2015 во 08:43
Поради снимање на францускиот филм “A Fond” денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворен делот од автопатот од мотелот „Македонија“ до Градско, соопшти АМСМ.
Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека во посочениот период сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.