Извлечен машки труп од река Вардар и тешка сообраќајка на патот Градско – село Чичево
Единицата за специјални задачи на МВР, во саботата на 14 јули, од под мостот на село Кочилари извлече човечки труп што претходно го забележале и пријавиле граѓани. Станува збор за труп на маж во поодмината фаза на распаѓање. По наредба на Основен јавен обвинител трупот е пренесен на Институтот за судска медицина – Скопје на обдукција.
– Постапката за утврдување на идентитетот е во тек, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Еден ден претходно на општинскиот пат Градско-с.Чичево се случи и сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Форд Фиеста“ со велешки регистарски броеви, управувано од возачот М.П.(63) од Градско, излегол надвор од коловозот и завршил во нива ораница. Возачот се повредил за што била повикана Итна медицинска помош од Велес а тој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес. На М.П му била извршена реанимација како и медицински прегледи и снимања во кои биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен на лекување во Ургентниот центар – Скопје./У.Ј