Тоше Илиќ го фати Светиот Крст во Градско
Девет млади момчиња од Градско денеска скокнаа во осветените води на река Вардар на одбележувањето на празникот Богојавленије – Водици.
Најсреќен беше Тоше Илиќ. Тој го фати Светиот Крст.
По повод големиот христијански празник честитка до жителите на општината упати градоначалникот Бешовски.
– Да бидеме милосливи, да имаме повеќе љубов, поголема вера и постојана надеж, да проштеваме и да помагаме. Само со вакви чувства и со живот исполнет со добри дела ќе можеме да го почувствуваме и денешниот спасоносен настан. Нека е честит и вековит овој голем ден на крштевањето на светите води. Нека ги следи среќа и благодет оние што запливаа во водите на Вардар по светиот крст. Честитки за Тоше Илиќ што го извади крстот од водата. Нека е вековит и за многу години овој свет ден. Бог се јави, навистина се јави, рече градоначалникот Роберт Бешовски./У.Ј