Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

timonie gradskoФранцускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние денеска ја имаше првата официјалн а работна посета на општина Градско. Околу еден час разговараа со градоначалникот на општината, Роберт Бешовски за можната соработка во повеќе области,  а воедно амбасадорот денеска ја имаше можноста да се запознае со општествено политичкиот и културниот живот на оваа општина.

„ Очекувам оваа наша средба да отвори можност за подолгорочна соработка,  како на економски така и на културен план и воедно да се отвори простор за реализација на проекти значајни за општина Градско“ изјави Бешовски по средбата со амбасадорот и информира дека Тимоние ќе оствари средба и со првите луѓе на  двете најголеми политички партии во Градско,  ќе ја посети и паралелката која изучува француски јазик во ООУ „Даме Груев“ и манастирот Свети Архангел Михаил.

Амбасадорот искажа задоволство од можноста да се запознае и со оваа македонска општина и најави можност за идна соработка особено во делот на земјоделството.

„ Навистина градоначалникот се обидува да ја подготви општината за европски хоризонт. Односно општината се подготвува  преку инвестиции и преку образованието, а изучувањето на францускиот јазик е подготовка кон таа европска утрешна иднина, а познавањето на францускиот јазик претставува значаен пасош за ЕУ“ рече Тимоние, а се осврна и на идната соработка.

Бидејќи станува збор за земјоделски крај,  а и Франција е земјоделска земја амбасадорот очекува соработка во областа на земјоделството и рамномерен развој.

„Општините и сите градови се соочуваме со истите предизвици, и Европа се соочува со предизвици кои ги носат климатските промени и затоа е многу важно да се разговара со градоначалниците и сите жители бидејќи само така се подготвува утрешнината и иднината и само така ќе се надминат тие предизвици“ нагласи францускиот амбасадор.

A.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново