Машки труп извлечен од Вардар, кај село Кочилари
Објавено на 21 април, 2019 во 14:19
Жител на село Кочилари, велешко, претпладнево, недела 21 април, околу 10.00 часот пријавил во Секторот за внатрешни работи во Велес дека во водите на реката Вардар, во близина на селото, било пронајдено машко тело.
Полициски инспектори излегле на терен и направиле увид. Тие констатирале дека на телото нема траги на насилство.
Полицијата, по завршување на увидот, превзела активности и утврдила дека се работи за лицето Л.С. на седумдесет и седум годишна возраст од Велес.
По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје./ У.Ј