Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nesreka fin

Oколу 08,30 часот, вчера на 11 август, на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај село Дебриште, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од село Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес.

Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д, додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за сообраќајно-техничко вештачење./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново