Воз удри во мигрант на пругата Велес – Градско

Објавено на 11 јуни, 2020 во 13:52

 

policijazeleznickapruga fin

11.06.2020

Несреќата се случила рано утринава, на железничката пруга Велес – Градско, пред село Згрополци. Околу 4 часот локомотивата на возот го удрила мигрантот, кој се здобил тешки телесни повреди.

Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

– Поради несреќата железничкиот сообраќај бил во прекин два ипол часа и се нормализирал во 6 часот и 35 часот, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.